Профил на претпријатието

За нас

Во рамките на Општина Илинден основано е и активно работи Јавното Комунално Претпријатие ИЛИНДЕН. Претпријатието е основано со одлука на Советот на Општина Илинден од 17.04.1998 година заради вршење на дејности од јавен интерес, и тоа: организирано, квалитетно и континуирано собирање на комунален отпад, одржување на јавната чистота и јавно осветлување, заштита и унапредување на животната средина, стопанисување со спортски објекти и објекти на комуналната инфраструктура од локален карактер како и подобрување на условите за живот на населението од подрачјето на општина Илинден.

rolex replica watches

Организација и вработени

ЈКП Илинден од моментот на основањето кога броеше 10 вработени, денес ја достигнува бројката од 64 вработени кои заради обединување на меѓусебно поврзаните области и функции во надлежност на претпријатието, а со цел за поефективна и поефикасна организација, координација и соработка се распределени во следниве служби и одделенија:

1.Административна служба

  • Одделение за општо правни работи и човечки ресурси
  • Одделение за јавни набавки
  • Одделение за финансии

2.Стручна служба

  • Одделение за собирање, транспортирање и депонирање на отпад
  • Одделение за јавна хигиена
  • Одделение за стопанисување со спортски објекти 

Корисници на услуги

Со извршување на услугата собирање и транспортирање на отпад опфатени се околу 5.282 индивидуални корисници (домаќинства и викенд куќи) и 548 правни субјекти (установи, претпријатија, занаетчии, дуќани, угостителски и трговски објекти) . Претпријатието во континуитет врши набавка на соодветни садови за отпад: пластични канти од 120л. и 240л. како и метални контејнери од 1,1 м3 и 5,5 м3 со кои ги снабдува своите корисници на услуги без надомест за истите.

Дејности од јавен интерес:

best clocks

  • Управување со комунален цврст отпад од домаќинствата и индустријата;
  • Одржување јавна чистота;
  • Уредување и одржување паркови и други озеленети површини;
  • Уредување и одржување улици, сообраќајници и пешачки патеки;
  • Одржување и изградба на улично осветлување;
  • Оџачарски услуги;
  • Управување и одржување на гробишта;
  • Одржување и заштита на општински патишта и улици на подрачјето Општина Илинден.
  • Стопанисување со спортските објекти.